Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Јордан Поп Јорданов - Орцето

Роден е во 1881 година во Велес. Основното образование го завршува во својот роден град, а потоа продолжува во Солунската машка гимназија, кога уште пред да заврши, започнува со општествена и револуционерна дејност. Тој е еден од основачите и душата на кружокот "Гемиџиите". Орце Поп Јорданов е иницијаторот и водачот на бунтот во гимназијата, против поведението и апатијата на еден од учителите. По капитулацијата на учениците-демонстранти, Орце, со недозавршен VI клас ја напушта училишната клупа и се впушта во бурниот водовртеж на македонското ослободително движење.

Тој е еден од најистакнатите членови на Гемиџиите, а подоцна и негов водач. Уште во 1899 година на една средба со С.Мерџанов ја прифаќа неговата идеја за минирање на Отоманската банка во Солун.

За време на Солунските атентати, на 29 април 1903 година тој ќе го активира динамитот во прокопаниот тунел и ќе ја крене во воздух Отоманската банка. Потоа фрла бомби пред хотелот „Салоник“.

На 17 април 1903 година, во куќата во која живее, во храбра борба со турските војници, загинува и Орце Поп Јорданов.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik